Ѓорче Петров против тим од Чешка во квалификациите за Европската лига

Клубот кој освои двојна круна во мак-ракометот лани, ЖРК Ѓорче Петров ќе настапи во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. 

Скопскиот тим ќе игра во првата квалификациска фаза (иако официјално се води како втора) и веќе го дозна својот противник. Ѓорчепетровки беа носителки пред извлекувањето во Виена и среќата посака да играат против Баник Мост од Чешка. 

  • Сите квалификациски парови во ЕЛ:

Квалификациската рунда за Европската лига е на програмата на 3 и 4 октомври, а Ѓорче Петров прво ќе гостува во Чешка. Следната седмица на 10 или 11 октомври ќе се одигра реваншот во Скопје. 

Шеснаесетте победници од квалификациите одат во последната квалификациска фаза пред групите во Европската лига на ЕХФ.