Ѓорче Петров против скандинавски тим во квалификациите за Европската лига

Македонските клубови во машка и женска конкуренција ги дознаа ривалите во Европскиот Куп на ЕХФ, но и за Европската лига на ЕХФ. 

Во квалификациите за Европската лига ќе игра ЖРК Ѓорче Петров, клубот кој освои двојна круна во мак-ракометот. Ѓорчепетровки во извлекувањето имаа улога на носителки и со тоа шанса да добијат противник по мерка. Ждрепката одреди дека македонскиот шампион ќе одигра двомеч против екипата на Х65 Хурс од Шведска

Доколку Ѓорче Петров успее да го добие двомечот против Хурс, во плеј-офот за влез во групите на Европската лига би играл против Париз 92 од Франција.

Првиот натпревар Ѓорче Петров го игра на гости во Хурс, на 5 или 6 октомври. натпреварот ќе се одигра во Скопје на 12 или 13 октомври.