• Горан Упале
Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров го дозна противникот во третото коло во Европскиот Куп.
Денес, во седиштетот на ЕХФ во Виена се одржа ждрепката за следната фаза во ова натпреварување, а македонскиот тим доби ривал против кого може да се надигрува.
Имено, ривал на Ѓорче Петров во оваа рунда ќе биде Ојпен, тим кој доаѓа од не така ракометната Белгија.
Ѓорче Петров ќе биде гостин на првото соочување на 11 или 12 ноември, додека реваншот во Скопје ќе се одигра една седмица подоцна. Македонскиот шампион во претходното коло одигра доминантно против Тиват и славеше две убедливи победи.