Ѓорче Петров покажа моќ против директниот конкурент за титулата Чаир

Ракометарките на Ѓорче Петров му сервираа слатка одмазда на директниот конкурент за титулата во домашниот шампионат Чаир. Во дербито на колото во женската ракометна Суперлига шампионот го направи можеби клучниот чекор кон одбрана на титулата, совладувајќи го амбициозниот тим на Чаир со убедливи 24-16.

  • Комплетниот натпревар меѓу Ѓорче Петров и Чаир:

Чаирчанки одиграа прво полувреме далеку под своите можност, постигнаа само шест гола и дозволија домашниот тим посериозно да се одлепи. Ѓорче Петров искусно го искористи тоа на пауза замина со предност од седум гола (13-6).

Ситуацијата на паркетот не се промени ниту во вториот дел. Домаќинот продолжи во ист ритам, во одреден момент се искачи и на двоцифрена разлика (19-9), за на крај да слави заслужен триумф од 24-16.

Емилијана Ризоска со пет и Армина Исиц со четири гола беа најпрецизни ракометарки кај Ѓорче Петров, додека за Чаир по четири гола имаа Рејеб и Дамчевска.