„Ѓорче Петров Куп“ ќе се игра со три македонски и три српски екипи

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција Ѓорче Петров е организатор на четвртиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2024“, кој ќе се одржи четири дена започнувајќи од 29 август до 1 септември во спортската сала „Христо Батанџиев“.

Учесници на меѓународниот турнир ќе бидат шест екипи, три странски и три домашни, поделени во две групи. Домашни екипи учеснички ќе бидат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар, додека меѓународни односно српски екипи се ЖРК Бор, ЖРК Железничар Инџија и ЖРК Напредак Крушевац.

Во продолжение следуваат групите и распоредот на натпревари.

Група А: Ѓорче Петров, Вардар и Железничар Инџија
Група Б: Чаир, Бор и Напредак Крушевац

Прв ден: 29.08.2024 година (четврток)
Ѓорче Петров – Вардар во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”).

Втор ден: 30.08.2024 година (петок)
Свечено отворање во 18:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Ѓорче Петров – Железничар Инџија во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Бор – Напредак Крушевац во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”).

Трет ден: 31.08.2024 година (сабота)
Чаир – Бор во 11:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Вардар – Железничар Инџија во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Чаир – Напредак Крушевац во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”).

Четврти ден: 01.09 2024 година (недела)
Натпревар за петто место во 11:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)
Натпревар за трето место во 19:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”)ЖФинале во 21:00 часот (спортска сала ,,Христо Батанџиев”).