• Мартин Танасковски

Екипата на Ѓорче Петров ЖРК и официјално е нов шампион во македонската женска Супер лига и го доби пехарот.
По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на клубот беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за доминантната сезона и освоеното прво место во домашниот шампионат.
Медалите на шампионскиот состав ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски.
Со освоената титула, Ѓорче Петров го подобри рекордот на 22. освоени титули како наследник на легендарниот Кометал ЃП уште еднаш потврди дека е еден од најсилните и најконстантни женски ракометни колективи во Македонија.
