Ѓорче Петров до „12 од 12“, градскиот дуел кај дамите за Металург

Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров чекори кон нова титула на домашната сцена, со дванаесеттата победа во дванаесеттиот натпревар сезонава.

„Лавиците“ на домашен терен убедливо го добија штипски Астибо, против кого славеа со 43-17. На полувреме беше 21-7. Најдобри стрелци кај победникот беа Анамарија Коларовска и Емилијана Ризоска со по седум гола, додека кај штипјанки Марија Анчева погоди девет пати.

Убедливо во градската пресметка славеше ЖРК Металург Автокоманда, над ЖРК Вардар, со резултат 30-19 (13-10). Во „Автокоманда“ работите се свртија во корист на домаќинот во второто полувреме. Најдобри стрелци кај Металург беа Бојана Коцева со седум и Марија Гугуљанова со пет гола, додека кај Вардар се истакна Леона Миленковска со седум гола.

ЖРК Ѓорче Петров е на врвот на табелата со 12 од 12, пред Металург Автокоманда со 19 бода, додека третопласиран е Чаир со 15 бода, но и меч помалку против ЖРК Куманово кој ќе го одигра во недела.