Ѓер по супер-драма ќе ја брани европската круна во Будимпешта!

Унгарскиот ракометен гигант Ѓер го продолжи трендот на пласманот во финалињата со тесна победа над француски Брест (31-30) во еден супер-драматичен натпревар кој можеше да има поинаков тек.

Брест даде голем отпор на фаворитот, а во финишот скапо ги плати грешките. Посебно последната, кога Брест имаше напад за реми и продолжение, но, сепак, Вјахирева ја фрли топката кон Брокари, ама од Ѓер ја пресекоа и тука тргна големото славје.

Францускиот тим го заврши и мечот со два црвени картони, затоа што исклучени во текот на мечот беа Ивет Петраки и Онасија Ондоно. Најдобар стрелец кај Ѓер на овој дуел беше Дион Хушер со девет гола, додека кај Брест, Ана Вјахиерева постигна седум гола.

Големото финале меѓу екипите на Ѓер кој е актуелен европски првак двапати по ред и француски Мец се игра со почеток од 18:00 часот, а претходно за бронзата ќе играат Брест и ЧСМ Букурешт.

Унгарскиот великан ќе игра за осмата европска круна (2013, 2014, 2017, 2018, 2019, 2024, 2025), додека Мец ќе го бара првиот трофеј на големата сцена во петтото учество на Ф4-турнирот.