• Мартин Танасковски
Екипата на Ѓер е старо-нов првак во женската ракометна Лига на шампиони. Унгарскиот тим победи со дански Одензе, со резултат 29-27, во финалето кое се играше во Будимпешта.
Фаворитот имаше одличен прв дел, а во вториот ривалот бркаше приклучок, но никогаш не успеа да влезе во дуелот. На паузата, Ѓер имаше плус од пет гола (20-15), а највисоката позитива беше на стартот на второто полувреме кога беше плус шест.
Најдобра кај Ѓер беше Дале која заврши со шест гола и ја доби наградата за МВП. По неа следеа Нзе Минко и Хушер, исто така со по шест гола. Кај Одензе, Хојлунд погоди вкупно пет пати.
За најдобар стрелец во Лигата на шампионите прогласена е Хени Рајштад.
ФОТО: Győri Audi ETO KC / Facebook




