Ѓер и Мец со гостински победи се пред портите на нов Ф4 во женската ЛШ

Екипите на Ѓер и Мец си ги завршија гостинските задачи и чекорат кон нов настап на завршниот фајнал-фор турнир во женската ракометна Лига на шампиони каде беа и лани.

Унгарскиот гигант Ѓер славеше минимално на гостински терен кај Лудвигсбург (25-24) иако важеше за огромен фаворит, но се очекува дома да ја потврди улогата и да се пласира на турнирот за медалите.

Најдобра кај Ѓер беше Де Паула со седум гола, а Јоргенсен и Хоушер погодија по четири пати, додека кај бундеслигашот, се истакна Лохтер со вкупно пет реализации.

Мец исто така победи на гости кај Брест во француското дерби со резултат 29-26. На полувремето беше 15-14 за домашната екипа. Унгарката Вамос имаше одличен меч со седум гола кај победникот, додека кај Брест, Вјахирева погоди осум пати.

Во другите две четвртфиналиња ќе играат Ференцварош и Одензе, односно Есбјерг и ЦСМ Букурешт.

ФОТО: Győri Audi ETO KC