Ѓер без проблеми против Будуќност, Ференцварош ја освои Љубљана

Ѓер

Унгарски Ѓер остана без пораз и по осмото коло во Лигата на шампионите. Сè уште актуелниот европски првак рутински го среди Будуќност (34-29).

Изненадувачки гостите наметнаа своја игра на почетокот и први се одлепија на значајна разлика. Во еден период од првиот дел имаа 7-10. Меѓутоа набрзо работите се вратија на очекуваното место, а домашните ракометарки со серија од три гола заминаа со предност во соблекувална (18-16).

Ѓер одигра повнимателно во второто полувреме и не само што ја задржа, туку и ја зголеми конечната разлика. За да нема дилеми пристапот на избраничките на Габор Даниј беше посериозен и им донесе нова победа на европските настапи.

Офтедал блесна со десет гола, а доби голема помош од Нзе Минко која постигна еден погодок помалку.

Вториот денешен дуел донесе гостинска победа на Ференцварош кај Љубљана (26-32).