Гимараеш МВП, а Борко Ристовски најдобар голман на Суперкупот

По завршувањето на Супекрупот на Шпанија во Памплона во кој Барса ја совлада Хелветиа Анаитасума со 30-38 за најкорисен ракометар на финалето е прогласен Освалдо Гимараеш од Хелветиа Анаитасума.

Најдобар голман на финалето е нашиот Борко Ристовски од Барселона со 10 интервенции, а најдобар стрелец Микел Агирезабалага од Хелветиа Аанаитасума со 6 гола.

Во петокот на гала вечерта за ланската АСОБАЛ лига беа прогласени најдобрите кои по позиции скоро комплетно беа ракометарите на Барселона.