Гидсел стана херој, Фуксе по седмерци го продолжи ужасот на Веспрем во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин на домашен терен во драматичен натпревар по пенали славеше над Веспрем (31-30, 4-3) и така се пласира на завршниот Ф4-турнир во Лигата на шампионите.

Мечот меѓу двете екипи беше крајно израмнет, а се реши по изведување на седмерци, откако во последниот напад за Фуксе, топката ја загуби Гидсел. Израмнето дерби гледавме во храмот на „лисиците“ со исклучок на првиот дел кога беше 17-11, кои го продолжија проклетството на Веспрем. Унгарскиот гигант секоја сезона влегува во ЛШ со високи амбиции, но застанува или во четвртфиналето, или во битките за медал.

Клучниот пенал за Фуксе Берлин за место на завршницата го постигна Матиас Гидсел, кој се претвори од трагичар во херој за бундеслигашот. Токму Данецот го заврши мечот со 11 постигнати гола, пред Тим Фрајхофер со осум гола, а кај Веспрем, Хешам Елсајед имаше осум гола.

Фуксе Берлин е првиот патник на завршниот Ф4-турнир во Лигата на шампионите.