• Саше Љолес
По шокантниот пораз на Данска од Португалија на Европското првенство во ракомет, еден од најдобрите ракометари на светот, Матијас Гидсел, откри како ја доживеал загубата и што значи тој резултат за данскиот тим.
Гидсел призна дека поразот силно ги погоди играчите, особено затоа што се случи пред домашната публика и кога Данска важеше за еден од најголемите фаворити за трофејот. Тој истакна дека играта не била на очекуваното ниво и дека тимот бил „само на 80 проценти“, што никогаш не е доволно за репрезентацијата со такви амбиции.
„Некогаш е добро и да загубиме, за да добиеме вистинска лекција и да извлечеме поука. Ова боли и за нас претставува големо разочарување. Не смеевме да загубиме пред нашата публика. Се надевам дека ќе бидеме далеку подобри на следните мечеви“, рече Гидсел.
Со овој неочекуван резултат, Данска продолжува во главната фаза на Европското првенство без бодови од тој натпревар, што значи дека секоја следна средба за нив ќе биде клучна за пласманот во нокаут фазата и реализација на целта за повторен успех.




