Гидсел: Импресивно е колку Франција беше моќна во завршницата од финалето

Селекцијата на Данска повторно не најде решение за Франција и по пауза од десет години одново загуби европско финале од „триколорите“.

Матијас Гидсел, најдобриот ракометар на Данска на шампионатот во Германија по поразот истакна дека разочарувањето е големо, но призна дека противникот одигра извонреден натпревар.

„Многу сме разочарани, но Франција одигра извонреден натпревар. Ние направивме многу грешки во првиот дел, но и покрај тоа имавме предност. Почувствував во вториот дел дека натпреварот е наш, посебно кога побегнавме на три гола разлика, но на крај не ја задржавме таа предност. Импресивно е колку Франција беше моќна во завршницата од натпреварот.

Гидсел заедно со Коста од Португалија со по 54 гола завршија како најдобри стрелци на Европското првенство во Германија.