• Саше Љолес
Ракометарите на Фуксе Берлин ја освоија првата шампионска титула во Бундеслигата, откако со голем пресврт славеа во последното коло на гостувањето кај Рајн Некар Левен со конечни 33-38.
Новиот германски првак беше предводен од феноменалниот Матијас Гидсел, кој го заврши мечот со вкупно десет погодоци. На паузата Фуксе имаше негатива од три гола 20-17), но го завери триумфот со вистинска експлозија во второто полувреме. Домаќинот изгледаше одлично во воведните минути, а потоа гостите од Берлин заиграа во посакуваниот ритам и успеаја да ја остварат целта.
Покрај Гидсел, во победничкиот тим се истакна и Фрајхофер со десет голови, а на спротивната страна единаесет погодоци впиша Јури Кнор.
Во конечниот пласман, нов шампион е Фуксе Берлин, на втората позиција финишираше тимот на Магдебург, (славеше на гостувањето кај Битигхајм со 25-35 ), а третопласиран е Мелсунген, кој го совлада веќе испаднатиот Потсдам (26-31), каде настапува нашиот голман Мартин Томовски.