Гидсел е МВП и нов олимписки рекордер, Данска доминира со идеалниот ракометен тим

Интернационалната олимписка федерација ги објави најдобрите ракометари кои влегуваат во „дрим-тимот“ на машкиот турнир од Олимписките игри во Париз. 

Идеалниот тим е составен од петмина претставници на освојувачот на златниот медал, а тоа е секако селекцијата на Данска. Во ова друштво место има за Матијас Гидсел, Симон Питлик, Лукас Јоргенсен и голманот Никлас Ландин, а ним им се придружуваат уште Јури Кнор и Ренарс Ушчинс од Германија

Сликата ја комплетира шпанското лево крило, Даниел Фернандез, кој се избори за место во најдобрата седморка, а признанието за најкорисен играч (МВП) замина во рацете на Матијас Гидсел. Данецот постигна 62 гола и за еден погодок го мина сонародникот Микел Хансен, а ова е секако најдобар голгетерски скор во историјата на Олимписките игри. Гидсел конечно ги обедини сите најважни титули, триумфирајќи на Светско и Европско првенство, како и на Олимписките игри. 

Данска на најубав можен начин го испрати во пензија славниот Микел Хансен. Убедливо ја совлада Германија во финалето, стигнувајќи до вториот златен медал од Олимписките игри.