Ги победи Шпанија и Германија и заработи отказ: Перковац не е повеќе хрватски селектор

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Горан Перковац доби отказ од Хрватскатата федерација и неговиот договор завршува со едностран раскин, јавија регионалните медиуми.

Иако се очекуваше одлуката да биде соопштена кон крајот на оваа недела, сепак федерацијата реши по брза постапка да му се заблагодари на Перковац, а неговиот наследник ќе биде познат многу наскоро. 

Пресуден фактор за отказот беше пласманот на неодамна завршеното Европско првенство, каде Хрватска заврши на единаесеттата позиција, што беше окарактеризирано од јавноста како голем неуспех. Медиумите шпекулираат со повеќе имиња за преземање на селекторската позиција, а како најсериозни кандидати се издвојуваат Славко Голужа и Лино Червар.