• Саше Љолес
Српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ го напушта Адемар Леон и од следната сезона ќе се пресели во францускиот Нант, пренесуваат српските медиуми.
Левиот бек, кој по потреба игра и како среден бек, ќе премине во Франција и следната сезона веројатно ќе игра со Нант во Лигата на шампионите, а вниманието врз себе го привлече на минатото Светско првенство кога беше вистинско откритие во нападот на Србија.
На адресата на Милосављевиќ пристигнаа повеќе понуди од Европа, но и од нашиот регион. Беше на „радарот“ на нашите суперлигаши Алкалоид и Еурофарм Пелистер, но сепак преминот во Нант се чинеше како пологично решение во моментов.
Битолчани беа подготвени да платат и отштета за неговиот трансфер, но не дојде до договор заради должината на договорот. Детали за преговорите со Алкалоид не се познати.