Германското легендарно крило повредите го принудија на предвремена пензија

Едно од најдобрите леви крила на 21. век, човекот кој создаде армија навивачи поради неговиот стил, Уве Генсхајмер, ќе ја заврши својата професионална кариера на крајот од сезоната 2023/24. Оваа вест а ја соопшти неговиот клуб Рајн Некар Левен, каде Уве ќе продолжи да работи во улога на спортски директор.

37-годишниот Генсхајмер во кариерата играше само за два клуба. Тој е дете на Рајн Некар Левен, клуб за кој играше до својата триесетта година, кога повикот на повисоки амбиции го однесе во редовите на Пари Сен Жермен. Во тимот на „светците“ помина три сезони, но во 2019 година се врати дома. Неговата кариера ја одбележаа и неколку тешки повреди, но навивачите се надеваат дека легендарниот ракометар сепак ќе одигра уште неколку минути до крајот на сезоната.

Уве моментално заздравува од тешката повреда на коленото, здобиена на натпреварот против Кил во мај годинава.