Германките прва пречка за кадетките во разигрувањето за мундијалски пласман

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години по поразот од Исланд (22-25) ги заврши настапите во втората фаза на третата позиција во групата 1 на Светското првенство (СП), па следи разигрување за пласман.

Избраничките на Љубомир Савевски ќе играат за место од 9. до 12. позиција на светскиот собир. Прва пречка на нашиот национален тим ќе биде Германија. Натпреварот е закажан в недела од 14:00 часот.

Подобриот од овој натпревар ќе игра со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка, тоа ќе биде меч за деветто место, додека поразените ќе играат за 11. позиција.