Екипата на Вецлар направи тренерска промена поради лошите резултати и го отпушти Бенџамин Матшке, а на негово место доаѓа неговата „десна рака“, македонскиот тренер Филип Миркуловски.
Првиот натпревар сезонава меѓу двата клуба кои го одбележаа германскиот ракомет минатата натпреварувачка сезона, му припадна на Кил. „Зебрите“ беа подобри од шампионот Магдебург во Суперкупот и извојуваа победа од 36-33 (16-16). Со оваа победа Кил стана првиот клуб кој трипати по ред го освоил овој трофеј, откако тоа претходно го направи само уште Рајн Некар Левен.
Во најавата за новата ракометна сезона, Кил го освои германскиот Суперкуп. Во Дизелдорф, пред 3.000 навивачи, германскиот шампион со 30-29 му возврати на Лемгo за изненадувачкиот јунски пораз во полуфиналето на Купот.