Легендарниот германски ракометар Уве Генсхајмер се прости пред 13.000 фанови во САП Арената во Манхајм, каде Ол-стар тимот играше против Рајн Некар Левен, клубот во кој Генсхајмер го мина најголемиот дел од својата играчка кариера и каде што од летото е спортски директор.
Италијанскиот репрезентативец и поранешното крило на Балинген, Лео Прантнер ќе стане нов член на Фуксе Берлин, откако Тобијас Рајхман поради лични причини повеќе нема да му биде на располагање на тимот од германската престолнина.
Поранешниот српски репрезентативец, Момир Илиќ, официјално станува нов тренер на бундеслигашот Вецлар и ќе работи во најсилната светска ракометна лига.
На пријателскиот натпревар против Италија во пресрет на Мундијалот, швајцарскиот репрезентативец и член на Магдебург, Мануел Зендер заработи тешка повреда, поради која ќе го пропушти Светското првенство и нема да му биде на располагање на актуелниот шампион на Германија во вториот дел од сезоната во Бундеслигата.
Управата на ракометниот клуб Загреб го договори трансферот на српскиот репрезентативец Милош Кос во ракометниот клуб Ерланген кој настапува во Бундеслигата.
По натпреварот од 16. коло на Бундеслигата, во кој Кил победи со 38-29 против Битигхајм-Метерцимерн, Домагој Дувњак откри дека останува во клубот до јуни 2026 година.