Германскиот ракометен гигант Флензбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа долгорочни договори со клубот до 2032 година.
Искусниот десен бек, Кент Робин Тонесен, има сериозни здравствени проблеми, откако му беше дијагностициран херпес зостер (предизвикан од истиот вирус што ги предизвикува овчите сипаници) на лицето, кој го зафатил и неговото око.
Талентираниот босански ракометар, Алем Хаџиќ, пред неколку дена го раскина договорот со Еурофарм Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, откако официјално потпиша за Хамбург.
Искусниот француски репрезентативец Кентен Мае е ново засилување на Рајн-Некар Левен. Германскиот бундеслигаш потврди дека 35-годишниот бек потпишал едногодишен договор и во претстојната сезона ќе го носи жолтиот дрес на клубот.
Легендарниот француски ракометар Кентан Мае, официјално замина од Гумерсбах. Клубот и играчот спогодбено го раскинаа договорот кој првично имаше важност до 2027 година.
Норвежанецот Борге Лунд официјално е назначен за нов тренер на германскиот ракометен гигант Кил за претстојната сезона 2026/27. Тој доаѓа како директна замена за Филип Јиха, кој доби отказ по седум години поминати на клупата на германскиот тим.
Германскиот ракометен гигант, Флензбург, наводно го договорил ангажманот на португалските бисери Франциско и Мартим Коста, кои од летото 2027 година треба да станат нови членови на бундеслигашот.
Кризата во редовите на германскиот гигант Кил и натаму трае, а иднината на тренерот Филип Јиха сè уште не е решена. Во меѓувреме, во јавноста се појавија шпекулации за можните наследници, меѓу кои се споменуваше и еден од најуспешните ракометни тренери на денешницата Талант Душебаев.
Јарон Сиверт ќе биде нов тренер на Мелсунген и ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата на бундеслигашот. Освојувачот на Бундеслигата со Фуксе Берлин ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб од сезоната 2027/28, а со клубот од северен Хесен потпиша договор до летото 2030 година.
Филип Кузмановски ова лето се реши за нов предизвик во кариерата, прифаќајќи ја понудата да настапи за Кувајт Клуб во рамките на Азискиот шампионат. По завршувањето на сезоната со Еурофарм Пелистер, македонскиот репрезентативец замина на Блискиот Исток, каде во кратка, но значајна епизода ќе се обиде со својот привремен тим да обезбеди пласман во тамошната Лига на шампиони.