Германија против Египет во битка за кадетското мундијалско злато

Репрезентацијата на Германија е вториот финалист на Светското ракометно првенство (СП) за кадети кое се игра во Скопје, затоа што „панцерите“ убедливо ја совладаа селекцијата на Данска (31-23).

Се очекуваше далеку поинтересен натпревар во СЦ „Борис Трајковски“, меѓутоа Германците притиснаа уште од првото полувреме, дојдоа до позитива и истата константно ја одржуваа.

  • Извештај од натпреварот: 

Главен играч во победата беше Рајман со пет гола, додека Костер и Лихтлајн дадоа по четири, а кај Данците, Хангард заврши со шест погодока.

Германија во финалето на СП ќе игра против Египет, кој претходно беше поуспешен од Португалија. Мечот се игра на 18 август, од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а од 15:30 часот е мечот за третото место.