Германија на стартот на СП лесно ја растури обединетата Кореја

Репрезентацијата на Германија со убедлива победа ги отвори настапите на Светското првенство (СП), кое овој месец ќе го игра на домашно тло, како и во Данска.

Во првиот меч во Берлин, од „панцерите“ убедливо настрада селекцијата на Кореја, која е совладана со 19-30 (10-17). Корејците на овој Мундијал дојдоа како дебитанти, за првпат во историјата играат под исто знаме, но не се прославија на првиот дуел со фаворитот.

Разликата беше скромна само на почетокот, кога на семафорот резултатот гласеше 6-2. Расположен за игра беше Уве Генсхајмер, кој даде четири гола од почетните шест. Потоа, Германија водеше и со 10-6, за потоа да зголеми на 16-8, а на пауза замина со предност од седум гола (17-10). На стартот на вториот дел, голманот Волф врза неколку одбрани, за сето тоа на спротивната страна да се казни со голови и предност од 23-11 за Германија, која на крајот беше недостижна.

Генсхајмер го заврши мечот со седум гола, додека Фекелер, Фат и Колбахер дадоа по четири погодока. Кај Корејците, Јанг и Канг запишаа по четири гола.

Во наредното коло од СП, Германците се соочуваат со Бразил, додека Кореја оди на мегдан со Русија.

СП, Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 5 4 1 0 138:113 25 9
2 ГерманијаГерманија 5 3 2 0 142:110 32 8
3 БразилБразил 1 5 3 0 2 127:129 -2 6
4 РусијаРусија 1 5 1 2 2 131:127 4 4
5 СрбијаСрбија 5 1 1 3 127:146 -19 3
6 КорејаКореја 5 0 0 5 124:164 -40 0