• Мартин Танасковски

Италија не беше некој фактор во ракометот, но на ова Светско првенство земјата е во голем налет. Сепак, популарните „аѕури“ не можеа да играат со Германија (34-27) во рамки на втората фаза на СП 2025 и се оддалечија од местото кое води во четвртфиналето кое им припадна на Германците.
Италијанците во првата фаза забележаа две победи, а во втората ја надиграа Чешка и го собраа вниманието на ракометната јавност кон себе. Сепак, Германија се покажа како голем залак, пред се заради искуството кое тимот на „панцерите“ го има на големите натпревари.
А што се однесува до мечот, Италија даваше отпор. Го мачеше фаворитот на хартија едно цело полувреме, а на пауза Германија замина со позитива од два гола (13-15). Главната разлика вредна победа медалистот ја направи кога замина на 14-20 со добро отворање на вториот дел и во продолжението ниеднаш Италија не беше закана.
Најдобар стрелец на мечот беше Кастенинг од Германија со шест гола, а Костер и Земпер погодија по пет пати, додека кај Италијанците, Прантнер имаше осум гола. Во следната рунда Германија игра со Тунис, а Италијанците се среќаваат со Швајцарија.
ФОТО: IHF