Германија има нова ѕвезда: Ушчинс со топ во раката ја урна Франција (ВИДЕО)

Ракометарот на бундеслигашот Хановер, Ренарс Ушчинс, одигра неверојатна партија во дресот на Германија против Франција и ги даде клучните два гола со кои донесе голем триумф за „панцирите“ по продолженија над домаќинот на ЛОИ (35-34).

Првиот гол Ушчинс го даде за продолжение. По грешката на Дика Мем, тој ја зеде топката и погоди во мрежата на Французите за реми (29-29). Вториот, пак, беше за победа во второто продолжение, кога покажа дека има топ во раката.

Ренарс Ушчинс има 22 години, а веќе покажува завидни партии за германската ракометна репрезентација, пример со Франција постигна вкупно 14 гола.

Овој играч е роден во Летонија, но одбра во иднина да игра за Германија затоа што таму се градеше како ракометар.