• Мартин Танасковски
Женската ракометна репрезентација на Германија одигра уште една сигурна партија и славеше над Белгија (40-21) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое ќе се игра во 2026 година.
По високиот триумф над Македонија, Германките покажаа дека се надмоќни и во вториот дуел од циклусот. Тимот водеше во текот на целата средба, а прашањето околу победникот беше јасно уште по првото полувреме по кое фаворитот имаше 19-7.
Најдобра кај стрелците беше Неле Антонисен со единаесет постигнати гола, пред Естеле Гијсенс со четири реализации, додека кај Белгија се истакнаа Лиса Анти и Луиса Шерер со по пет постигнати гола.
Германија е прва во групата и се очекува таму и да го заврши циклусот, иако поминаа само два натпревари досега.
ФОТО: Deutscher Handballbund / Facebook



