ВИДЕО: Германија бруи за него – соиграч на Миркуловски запиша неверојатни 22 одбрани!

Пред два дена екипата на Вецлар за која настапува нашиот репрезентативец, Филип Миркуловски извојува убедлива победа од 28-18 над Штутгарт, а за она што го направи голманот Бенџамин Буриќ овие денови бруи цела Германија

Всушност, феноменалниот босанскиот голман не само што беше најзаслужен за оваа убедлива победа, туку забележа и неверојатен учинок. Ретко кој голман може да се пофали дека на еден меч има просек од 55% успешни одбрани, поточно запиша дури 22 одбрани, што е реткост во ракометната игра. 

Во продолжение можете да ги проследите сите одбрани на Буриќ на натпреварот против Штутгарт.