Трансфер-сагата што со месеци го тресе германскиот и данскиот ракомет доби нов пресврт, откако пропаднаа преговорите меѓу Фуксе Берлин и Фленсбург околу ангажманот на Симон Питлик. Иако трансферот на данскиот репрезентативец веќе е договорен за 2027 година преку активирање на излезна клаузула, клубот од Берлин се обиде да го доведе уште ова лето, со цел да ја пополни празнината по заминувањето на Ласе Андерсон.