Германецот Гландорф ја завршува дводецениската кариера

Поранешниот германски репрезентативец и десниот бек на шампионот Флензбург, Холгер Гландорф одлучи да ја заврши својата богата кариера по завршувањето на тековната сезона. Ветеранот е еден од најдобрите германски ракометари во последните две децении, а во својата кариера настапувал само во Бундеслигата. 

Ракометарот на Флензбург реши да не ја продолжи соработката со клубот како играч, но ќе остане да работи во менаџментот. 36-годишникот е дел од клубот од северна Германија од 2011 година, а претходно настапуваше за Лемго и Нордхорн.

Гландорф во својата кариера запиша преку 500 настапи и постигна над 2.400 голови во Бундеслигата. За репрезентацијата играше од 2003 до 2017 година со 583 голови на 170 натпревари.