Германците моќно против Словенија за заверка на првото место во групата

Ракометната репрезентација на Германија убедливо ја совлада Словенија со (23-14) и го презеде првото место во групата на Олимписките игри, па во четвртфиналето ќе оди како најдобра во А-конкуренцијата. 

Во средбата се влезе со подобра игра на германскиот тим кој ја имаше стартната предност (3-1), а потоа дојде до егал. Словенците се наметнаа и успеаја некое време да одржуваат водство меѓу еден и два гола. Сепак, пред полувремето паднаа и Германија знаеше да казни, а тоа го направи на најдобар можен начин. По 13-13 до крајот на полувремето влезе во серија од 10-1 и со тоа на одмор замина со високи 23-14. 

Во продолжението германските ракометари поведоа и двоцифрено во повеќе наврати со „плус десет“. Словенечките избраници се обидуваа да пружат отпор, но немаа сили за изненадување и кам-бек. До крајот предноста на момент беше преполовена, ама Германците славеа со убедливи седум разлика. 

Хафнер од Германија и Хорзен од Словенија го завршија натпреваротт со по седум реализации. Расплетот по групи, четвртфиналистите и паровите за елиминационата фаза ќе бидат познати вечерва по последните три натпревари од групниот сегмент. 

ФОТО/PHOTO:  © IHF