Германците го сакаат ракометот: Над 6 МИЛИОНИ го следеа мечот против Кореја

Германија
Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Првото коло на Мундијалот за Германија донесе рутински меч и победа над дебитантот, комбинираната репрезентација на Кореја.

Познато е дека ракометот е доста популарен во еден од домаќините на овогодишното Светско првенство, а показател за тоа се податоците со кои излезе националната телевизија ЗДФ. Според истите, над шест милиони гледачи го проследија дуелот против корејската селекција, односно 23,6% од сите гледачи кои во тој момент се наоѓаа пред малите екрани.

Сите натпревари на германската репрезентација се емитуваат преку ЗДФ, а претходно истите беа достапни и на Интернет.

Следниот предизвик за избраниците на Кристијан Прокоп е денешниот дуел со Бразил, кој во првиот меч минимално загуби од фаворизираната Франција.