Германци ќе го судат дербито на колото во Скопје

Германска судиска двојка ќе ја дели правдата на натпреварот против Вардар и Киелце кој ќе го понесе епитетот дерби на колото во ракометната Лига на шампиони.

Роберт Шулце и Тобиас Тонис ќе бидат на теренот во СЦ „Јане Сандански“ и ќе ја делат арбитражата на секогаш тензичното дерби меѓу двата лути ривали во европското натпреварување.

Се работи за искусен судиски пар, кој зад себе има настапи на големи настани како Европски и Светски првенства, како и мечеви во клупските натпреварувања на ЕХФ.

Дуелот меѓу Вардар и Киелце во Лигата на шампионите се игра в сабота од 17:30 часот.