Гепинген го прегази Фуксе Берлин и првпат го освои ЕХФ Купот

Ракометарите на Гепинген за првпат во својата историја се победници на ЕХФ Купот во ракомет, откако на убедлив начин го совладаа фаворизираниот Фуксе Берлин, во финалето кое го следеа 7.000 гледачи во Гепинген. 

Домашната екипа славеше со 30-22 (15-13) и ќе ја претставува Европа на ИХФ Суперглоб во Доха заедно со европскиот првак. Најефикасни поединци во супериорната екипа на Гепинген беа Кауфман со 8 и Шилер со 6 гола. Кај поразениот Фуксе Берлин се истакнаа Ненадиќ и Линдберг со по 7 гола.

Во мечот за третото место Сант Рафаел и Магдебург играа без победник 27-27, а Германците извојуваа победа од 31-32 по изведувањето на пенали.