Георгиевски во конкуренција за најдобро десно крило во Романија

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски имаше одлична сезона во романскиот шампионат на индивидуален план, иако со тимот на ЦСМ Букурешт не успеа да стигне до некој трофеј. 

Сепак тоа не беше пречка десното крило да се најде во изборот за најдобар на неговата позиција и место во идеалниот тим на романскиот шампионат.

Во трка со Георгиевски за најдобро десно крило се и Разван Гаврилоаја од Динамо Букурешт, Андреј Михалчеа од Стеауа, Роланд Талмајер од Турда и Габриел Бујор од Васлуи.

На следниот ЛИНК можете да го дадете вашиот глас за македонскиот репрезентативец.