Георгиевски: Вардар е европски првак, радува соработката со Алушовски

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар е побогат за уште еден репрезентативец, затоа што потпис на договор со „црвено-црните“ стави Гоце Георгиевски.

Крилото се обврза на двегодишна соработка, а во изјава за Gol.mk вели дека е среќен што ќе има шанса да го носи дресот на најтрофејниот македонски клуб.

„Имав две понуди на маса, едната од Вардар, другата од Металург, па се одлучив за онаа од Вардар. По долго време се враќам да играм на домашната сцена, мислам дека Вардар ќе се покаже како вистински избор за мене. Се работи за тим кој е европски шампион и изгледа како голем предизвик за мене. Ќе имам шанса да работам со Стефче Алушовски, човек кој исклучително многу го ценам. Овој пат ќе имаме различни улоги, некогаш игравме заедно за Македонија и за Металург, а сега ќе ми биде тренер. Чекам на предизвикот и се надевам на што е можно подобри резултати“, ни изјави Георгиевски.

Георгиевски се враќа во мак-ракометот од Романија каде го носеше дресот на ЦСМ Букурешт. Претходно, тој настапуваше за романски Тулуз, а од 2006 до 2015 година беше дел од најлутиот ривал на Вардар на домашната сцена – тимот на Металург.