Георгиевски: Треба да жалиме што не победивме

Нова драматична завршница, во којa како и со Србија дојдовме до бод, кој сега половично нè задоволува, но може да нè донесе до финалната цел. 

„Мислам дека испуштивме една голема шанса да ја совладаме оваа силна репрезентација на Норвешка. Имавме 4-5 гола предност, но така лесно ги испуштивме. Велам уште еднаш вистинска штета. Сепак и бодот не е лош, нè доближува до целта која се вика олимписки квалификации и имаме уште еден натпревар да одработиме за да го комплетираме првенството“, истакна Гоце Георгиевски по мечот.

Македонија ќе мора да ја победи Белорусија за пласманот да ѝ биде на 9. или 10. место, а и за да не си замине од Краков без ниту една победа. Таков случај на европските првенства ни се случи само кога дебитиравме во 1998 година во Италија.