Георгиевски: Сите се ставаме во служба за Македонија, СП е мотив за секого

Крилото Гоце Георгиевски го очекува нов настап на еден голем ракометен собир со селекцијата на Македонија, а тоа е Светското првенство (СП) кое во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.

Искусниот репрезентативец вели дека Мундијалот е предизвик за секој играч и најавува дека Македонија ќе даде максимум против секој ривал и дека ќе се бори за националниот грб.

„Самото Светско првенство е предизвик за секој играч и претставува голема мотивација. Нормално дека ќе се спремаме најдобро што можеме. Селекторот се одлучи да имаме подмладен состав од претходниот собир, но наше е тука да го даваме максимумот и да служиме за дресот што го носиме. Така и тоа ќе го правиме, имаме десетина до петнаесет дена до почетокот на шампионатот. Наше е да се спремиме најдобро што можеме“, изјави Георгиевски.

Групата е доста неизвесна, затоа што Македонија против себе ќе ги има европските селекции Шпанија, Хрватска и Исланд, како и енигмите Бахреин и Јапонија.

„Секој натпревар на Светско првенство ќе биде посебна приказна за нас и ќе мора да се влезе максимално ангажирано, без разлика дали тој ривал е Бахреин, Хрватска или Шпанија. Двата бода значат исто против секого. Треба со сите да играме максимално сериозно и да го дадеме најдоброто од себе, за да дојдеме до посакуваните резултати“, заврши крилото.

Македонија го отвара Мундијалот на 11 јануари, во дуел со Јапонија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0