Георгиевски поради конфликт со тренерот се раздели со Охрид

Екипата на Охрид во наредниот период ќе биде без еден од левите бекови, затоа што спогодбено го раскина договорот со Дарко Георгиевски.

Георгиевски, кој има 26 години, во редовите на „гладијаторите“ пристигна пред почетокот на сезоната, но пред натпреварот со Прилеп двете страни се договориле да ја прекинат соработката.

Наводно, ракометарот имал конфликт со тренерот Андоновски, па за доброто на клубот пристигнала и разделбата.

Охрид е во борба за едно од местата кои водат во плеј-офот, а наредниот меч кој ќе биде претпоследен е против Еурофарм Работник в среда (19:00 часот).