Георгиевски одличен, ЦСМ Букурешт го загуби дербито од Динамо

ЦСМ Букурешт, каде што трета сезона настапува Гоце Георгиевски, минимално загуби од Динамо Букурешт со 26-25 (9-16) во дербито од 20. коло на романскиот шампионат. Георгиевски постигна четири голови со висок процент на реализација.

Иранецот Естеки со гол во финишот донесе минимална победа за екипата на Динамо Букурешт.

ЦСМ Букурешт и по овој пораз остана на третото место воочи завршницата на регуларниот дел и пред плеј-офот во кој екипата на нашето репрезентативно крило со сигурност ќе настапи.