Георгиевски: Немавме против игра на нивното најсилно оружје!

Ракометарите на Вардар 1961 забележаа втор пораз во Европската лига на ЕХФ, а прв на домашен паркет од екипата на Порто. По голема борба македонскиот вицепрвак го положи оружјето и не успеа да ја искористи предноста на домашниот паркет.

На средбата со новинарите по натпреварот освен тренерот Недановски се обрати и искусниот Гоце Георгиевски, кој кажа: 

„Честитки на Порто за победата тие беа подобри од нас денеска. Првото полувреме одигравме добро, посебно во одбраната. Порто одигра „7 на 6“ во вториот дел, а ние имавме противигра за таа нивна игра. Направивме многу грешки во нападот и промашивме многу зицери. За седум дена не чека меч во Порто, па ние ќе гледаме да се подготвиме на најдобар можен начин“, изјави Георгиевски.

Вардар 1961 има два бода во Европската лига од победата над Валур и со овој резултат си го отежна патот кон нокаут рундата која беше зацртана како цел.