• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски одигра фантастичен натпревар кога најмногу требаше, односно во дербито на неговиот ЦСМ Букурешт против Турда.
Дуелот меѓу вториот и третиот тим на табелата во романската лига заврши со сигурна победа на ЦСМ Букурешт, а македонското крило беше најдобриот поединец на паркетот.
Георгиевски блесна во вистински моменти и со осум гола од десет обиди го водеше својот тим до значајна победа над големиот ривал.
Со овој успех тимот од Букурешт се доближи на само два бода до второпласираниот Турда (26), додека лидер во шампионатот е Динамо Букурешт со 36 бода.