Георгиевски: Мораме да бидеме спремни ако Романците ја променат одбраната (ВИДЕО)

Неколку македонски ракометари како Митревски, браќата Маркоски, Даскалоски и Георгиевски играат во романската лига и добро го познаваат изборот на Чави Пасквал за баражот за пласман на Светското првенство во Германија и Данска.

Гоце Георгиевски не верува дека шпанскиот стручњак на романската клупа може да го изненади Раул на тактички план. 

„Мислам дека што побрзо сфатиме дека играме нов меч, а не продолжување од неделниот, тоа ќе биде подобро за нас. Ни следи нова борба, да ги заборавиме тие +8 и да играме од старт како што знаеме. Мора да бидеме спремни на сите нивни замки, можеби не одиграа како што знаат, но треба да бидеме внимателни. Можеби ќе се обиде нивниот селектор со промена во одбраната, но ние мора да бидеме спремни на тоа“, изјави за Gol.mk, крилото на ЦСМ Букурешт. 

Погледнете го комплетниот разговор со Гоце Георгиевски:

Македонија за неколку часа ќе го објави официјалниот список за попладневниот дуел со романските ракометари. Мала група наши навивачи ќе ги бодри ракометарите на Раул и на реваншот, а се предвидува полна сала Романци во Клуж.