Георгиевски: Македонија е подмладена, но сè уште гори истиот жар во неа!

Гоце Георгиевски е еден од репрезентативците со подолг „стаж“ во овој национален тим на Македонија. Крилото пред предизвикот наречен Светско првенство, истакна дека не стравува од подмладениот ростер и потенцира дека оваа селекција е гладна за успех, иако не е истата од пред некоја година.

Во ростерот нема играчи како Ацо Јоноски, Филип Миркуловски и Немања Прибак, па ново име ќе игра на средната бековска позиција. Георгиевски вели дека младите се борат за секоја топка и дека се уште во Македонија гори истиот жар за победи.

„Се чувствува отсуството на поискусните, но најважно е што останува тој жар, мотивација и желба да се игра за репрезентативниот дрес, тоа го покажуваат и останатите играчи, додека го има ова, ќе има нешто во оваа репрезентација. Јас сум оптимист, секогаш гледам позитивно, така ќе биде и сега. Имаме појасна слика за нашата репрезентација за изминатиот период што го одработивме, ставивме акцент и на одбраната и на нападот. Знаете дека имаме подмладен состав, имаме младите играчи кои можат да помогнат во оваа репрезентација. Тоа треба да го покажаме на следните два натпревари против Србија, да видиме што сме тренирале овие денови, а потоа и најглавното во Минхен“, изјави Георгиевски.

Мундијалот се отвора со натпревар против Јапонија, која имаше добри пријателски мечеви против европските селекции Полска и Чешка.

„Дуелот со Јапонија е најважен, добро е да стартуваме со победа, која многу ќе значи да ги задржиме шансите за вториот круг и мислам дека сега треба да се насочиме кон тој меч, па понатаму ќе размислуваме за останатите“, децидно е десното крило на Македонија.

Генералките пред Мундијалот, Македонија ќе ги има вечерва и утре против Србија во СЦ „Борис Трајковски“. На денешниот меч (петок), влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен, додека втората средба се игра зад затворени врати.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0