• Зоран Мишевски
Македонија сезонава нема свои претставници во Челинџ Купот, но затоа пак двајца ракометари со свои клубови уште се во натпреварување и вчера ги добија своите противници во третото коло. Виенската ждрепка донесе тешки ривали за двајцата Македонци, Гоце Георгиевски и Влатко Митков.
Романскиот ЦСМ Букурешт, екипа која ја брани титулата во ова натпреварување, ќе се сретнат со белорускиот тим Машека. Австрискиот клуб Брегенц, каде настапува штипјанецот Влатко Митков, ќе се сретне со исландскиот Валур.
Натпреварите од третото коло ќе се играат на 16 и 17 ноември, а возвратните натпревари една седмица подоцна.