Ракометарите на ЦСМ Букурешт го вратија брејкот и победија минимално со 18-19 на гостувањето кај Политехника Темишвар, во вториот дуел од четвртфиналната серија во романскиот шампионат.
Георгиевски беше втор стрелец со четири голови во гостинскиот тим. ЦСМ водеше со +4, 14-18, домаќините намалија на 17-18, но десното крило на македонската репрезентација погоди за 17-19 и до крајот Темишвар само намали на конечни 18-19.
Третиот дуел меѓу овие две екипи, по кој ќе се знае патникот во полуфиналето, ќе биде одигран викендов.