Георгиевски и ЦСМ Букурешт на победа од пласман во финалето на романскиот плеј-оф

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, и неговиот ЦСМ Букурешт славеа гостинска победа против Стеауа со 21-25 (6-10) и сега се на само еден чекор од пласман во финалето на плеј-офот на романскиот шампионат.

Нашиот репрезентативец беше автор на два гола, а најефикасен во победничкиот тим беше Шпанецот Антонио Робледо со десет погодоци. Натпреварот го одбележа и тешка повреда на домашниот ракометар, Стефан Вујиќ, кој бил пренесен во болница и според последните информации е надвор од животна опасност.

Во втората полуфинална двојка во романскиот шампионат играат Турда и Динамо Букурешт, а пласман во финалето обезбедува онаа екипа, која прва ќе стигне до две победи.