• Зоран Мишевски
Романската екипа ЦСМ Букурешт и португалскиот клуб Мадеира се наоѓаат многу блиску до пласман во финалето на Челинџ Купот и борба за европски трофеј. По првите полуфинални натпревари предноста на овие две екипи е најава, но не и гаранција за финале.
Романците на гостински терен ја совладаа руската екипа Универзитет Нева со 24-26, а Мадеира славеше со 27-22 против грчкиот вицешампион АЕК.
Гоце Георгиевски не настапи за екипата на ЦСМ Букурешт, но се очекува да биде дел од реваншот и од евентуално финале на ова натпреварување.
Возвратните средби се играат в сабота, а финалниот двомеч на почетокот од месец мај.